ПОВЕЌЕ

    Халкбанк: Важни се луѓето, a најважно е нивното здравје!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во време на преземање мерки за заштита на општото здравје на луѓето, Халкбанк ги повикува своите клиенти што е можно повеќе да се насочат кон дигиталните канали за комуникација и за банкарски услуги.

    Платформата на Халкбанк АД Скопје за електронско и мобилно банкарство ќе ја исполни функцијата на банкарско опслужување, од кое било место и во кое било време без посета на банката.

    Филијалите и експозитурите се во полна функција, но во интерес на здравјето на сите, и Халкбанк препорачува што е можно помало движење и директен контакт во филијалите на банката.

    За сите прашања, консултации и апликации поврзани за одредени производи, Банката ги охрабрува своите клиенти да се обратат и преку телефонските контакти и и-мејл адреси истакнати за филијалите на веб страна: www.halkbank.mk/filijali.nspx како и преку мејлот: [email protected]

    Дополнително за асистенција во однос на електронското банкарство, картички и итна потреба, во функција е хелп дескот 24/7 со телефонски контакт 02/ 32 96 330 и електронска пошта: [email protected]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично