Комерцијална банка ги известува своите ценети клиенти дека филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24.05. (понеделник) заради празнување на Св. Кирил и Методиј, Денот на сесловенските просветители.
За подигнување и уплата на готовина може да ги користете банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имате веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.
За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ и Бисер, како и дигиталниот дел во експозитурата во Дебар.