ПОВЕЌЕ

    УНИ банка ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници

    Време зa читање: < 1 минутa

    УНИ банка ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200011 и шифра UNIPO. Известувањето за исплатата на каматата банката ја објави преку соопштение до Македонската берза. Право на исплата на камата имаат сите лица регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 21 јули 2021 година.

    Во јануари 2019 година УНИ банка ја издаде првата емисија на перпетуални обврзници во Македонија, што претставува прв финансиски инструмент од овој вид на македонскиот пазар на капитал.

    Вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 5 милиони евра. Обврзницата е без рок на доспевање, со фиксна каматната стапка од 9% на годишно ниво за првите пет години, по завршување на овој период каматната стапка се зголемува на 11%. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра.

    Перпетуалната обврзница е котирана и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично