ПОВЕЌЕ

    УНИБанка од 30- ти Мај започнува со предвремена исплата на мајските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Со цел да излеземе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, Ве
    известуваме дека УНИБанка АД Скопје овозможи исплатата на пензијата за месец мај на трансакциска сметка да биде на 30-ти Мај (понеделник) 2022 година, стои во соопштението објавено на веб страната на Банката.

    Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 30-ти Мај (понеделник), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 30-ти Мај (понеделник) секој работен ден во експозитурите на Банката.

    Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:

    · Во понеделник, на 30.05.2022 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

    · Во вторник, на 31.05.2022 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

    · Во среда, на 01.06.2022 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

    · Во четврток, на 02.06.2022 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

    Во случај на неопходна посета на експозитура Ве молиме да ги почитувате правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во експозитурата, како и пред влезот, посочуваат од Банката.

    За да се избегнат блиски контакти, ги повикуваме пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите, апелираат од Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично