ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка ќе започне со предвремена исплата на пензиите

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје ги известува своите ценети клиенти пензионери дека, почнувајќи од 26-ти мај 2021 година ТТК Банка ќе врши исплата на пензијата за месец мај на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

    Oд 26.5.2021 г. (среда) корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 26.5.2021 г. (среда)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 27.5.2021 г. (четврток)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 28.5.2021 г. (петок)
    • над 18.000 денари на 31.5.2021 г. (понеделник)

    Со цел заштита на здравјето, од Банката апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

    При неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично