ПОВЕЌЕ

    ТТК БАНКА СО НОВА ПРОМОТИВНА ПОНУДА НА ПРОМО ФИКС ДЕПОЗИТИ во денари и во евра на 15 и на 25 месеци

    Време зa читање: 3 минути

    Нова промотивна понуда на ПРОМО ФИКС депозити за физички лица со ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари и во евра на 15 и на 25 месеци, во промотивен период до 15.9.2022 година

     

    Валута

    • МКД
    • ЕУР

     

    Период на орочување

    • 15 месеци
    • 25 месеци

     

    Каматна стапка

     

    Валута/Рок 15 месеци 25 месеци
    МКД 1,50% 2,00%
    ЕУР 1,00% 1,50%

     

    Пресметка и исплата на камата

    • Пресметката на каматата на средствата се врши месечно по пропорционална метода со месечна исплата или припис. Датумот на месечното достасување на каматата се одредува според датумот на орочување на секој поединечен влог. По истекот на рокот на орочување средствата се пренесуваат на трансакциска сметка односно депозитот не се реорочува.

    Корисници

    • Домашни деловноспособни лица, малолетни лица и лица без деловна способност со законски застапник и странски физички лица;
    • Полнолетно деловно способно лице – лично;
    • Полнолетно лице без деловна способност со законски застапник;
    • Малолетно лице со родител, деловно способно лице, како законски застапник.

     

    Потребни документи

    • Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош) за физички лица;
    • Кај малолетни лица при отворање на штедниот влог треба да се достави извод од матична книга на родените.

    Другo

    • За орочениот депозит се потпишува договор во кој се наведени условите за штедење и каматната стапка и се издава штедна книшка;
    • Со штедната книшка може да располага: сопственикот или ополномоштено лице од страна на сопственикот, законскиот застапник за малолетно лице до негова 18-годишна возраст, законскиот застапник на лицето-сопственик;
    • Со штедниот влог располага законски застапник до полнолетство на вложувачот со што автоматски му се пренесува правото за располагање со влогот;
    • За малолетни лица над 14 години законскиот застапник може да потпише изјава за дозвола за располагање со штедниот влог, и тоа пред работникот во Банката;
    • Само сопственикот односно законскиот застапник може писмено да побара предвремено раскинување на договорот и затворање на штедниот влог, при што се пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување до моментот на предвремено раскинување на договорот;
    • Сопственикот може да овласти и други лица за располагање со штедниот влог;
    • Депозитот не може да се користи како обезбедување за кредит.

    Тајност

    • Податоците за депозитите се деловна тајна.

     

    Сигурност

    • Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обесштетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.

     

    Повеќе на линкот: https://www.ttk.com.mk/?ItemID=65A86624E89D484185A81212CFE58968

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично