ТТК Банка од денес 4.4.2022 година (понеделник) започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец март 2022 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.
Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 4.4.2022 г. (понеделник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата во експозитурите и филијалите ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:
- 4-ти април (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 5-ти април (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Од банката препорачуваат средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa во трговската мрежа, со плаќања преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
Корисниците кои имаат бесконтактни Visa и Mastercard® дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката од банката апелираат да се почитува редоследот на исплата по датум и азбучен ред како и превентивните мерки за заштита на јавното здравје (носење на заштитна маска, одржување на пропишаното минимално растојание и дезинфицирање на рацете).