ПОВЕЌЕ

    Трендот од САД се шири низ светот, а се вика „Големата оставка“

    Време зa читање: 2 минути

    Незадоволството од работните услови, неинспиративните работни места и лошите шефови кои ги тераат луѓето да бараат нови работни места, станаа глобален тренд. Ова е појава која веќе има свое име – во западните медиуми ја нарекуваат „Големата оставка“ (The Great Resignation). Трендот најмногу ги погоди САД, но, се шири и во другите делови на светот.

    Соединетите Американски Држави сè уште водат на ова поле. Во изминатите 12 месеци, рекорден број Американци дале отказ, а работниците ширум светот обрнуваат внимание. Според последните податоци секој месец поднесуваат оставки околу 4 милиони луѓе, a сега им се придружуваат и Велика Британија, Австралија и Франција.

    „Големата оставка е тренд во кој луѓето велат: „Каква и да е ситуацијата, сакам подобро“, изјави Патриша Минг Бакли за CNN Business.Бакли, која живее во Сиднеј, донесе одлука да ја напушти работата во консултантската куќа EY во август минатата година. Две години откако „Ковид-19“ ги наруши животите на целата планета, Соединетите Американски Држави не се единствените чиишто социјални и економски фактори го поттикнуваат трендот „Големата оставка“. Освен незадоволството од работните услови, тука е и желбата да се бара подобар договор од компаниите со недостаток на персонал.

    Додека експертите велат дека бранот „оставки“ не се материјализирал во земји како Германија и Сингапур, анкетите покажуваат дека и тамошните работници размислуваат за тоа. Декемвриско истражување на сајтот за вработување Индид (Indeed) покажува дека речиси половина од 1.000 работници во Сингапур не се сигурни дали ќе останат на нивните сегашни позиции во следните шест месеци. Речиси една четвртина имаа намера да го напуштат работодавецот во првата половина од оваа година. Податоците на ЛинкдИн (LinkedIn) за јануари покажаа значително зголемување на бројот на работници кои ја менуваат индустријата во Шпанија, Холандија и Италија во споредба со почетокот на 2021 година. Во студијата нарачана од Слек (Slack), која ги опфаќа Австралија, Обединетото Кралство, САД, Германија, Јапонија и Франција, отвореноста за барање нова работа расте секој квартал од јуни.

    Извештајот на Форумот на иднината објавен во јануари покажува дека 53% од работниците во Франција и 55% во Германија и Јапонија се отворени за барање нови работни места следната година. Тој број се зголемува на 64% во Австралија и 60% во Велика Британија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично