На 26 септември 2022 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 44. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.
На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Анализа на читливоста, темите и тонот на соопштенијата за јавноста за монетарната политика на Народната банка“ од Анита Циунова-Шулеска, Тања Јакимова и Николина Паламидовска-Стерјадовска.
По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.
Народната банка објави повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до 25 септември 2022 година (недела).
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и разработка на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување / труд во работна верзија.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.