ПОВЕЌЕ

    Скопјанка примала пари од Германија и не плаќала данок, според МВР затаила над 4.000 евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    35-годишна скопјанка доби кривична пријава откако лани преку сервис за брз трансфер на пари примила речиси 40.000 евра од Германија, а за парите не платила данок, соопшти полицијата.

    „СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”. Пријавената, како физичко лице во текот на 2020 остварила приход од 2.693.150 денари преку брз трансфер на пари од неколку лица од Германија и го уплатила на своја трансакциска сметка во банка во Скопје. Остварениот приход таа не го пријавила и не поднела годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи и на тој начин одбегнала да плати данок на доход од 10% од вкупниот доход, што е спротивно на Законот за данок на личен доход и Законот за даночна постапка. На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија за сума од 269.315 денари.“, велат од МВР

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично