Врз основа на член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност Ве известуваме за извршена промена во Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Во Централниот регистар на Република Северна Македонија извршен е упис на Ерол Хасан за независен член на Надзорен одбор, по дадено одобрение од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Функцијата на независен член на Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје ја извршува на местото на независниот член Гоце Вангеловски.
Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје:
– Павел Гојкович, Претседател
– Д-р Мојца Горњак, член
– Петер Скварча, член
– Ерол Хасан, независен член.