„Фиат Крајслер Автомобили“, еден од најголемите производители коj свои погони има низ цела Италија, планира да ги затвори истите, откако властите прогласија карантин на ниво на целата земја, пренесува порталот „Сибиз“.
Како што соопшти раководството, компанијата е подготвена привремено да спроведе затворање на своите фабрики во Италија.
Во овој момент, се преземени сите активности за да се намали ризикот од ширење на заразата меѓу вработените, санитарна заштита на сите работни простории и простории за одмор, како и соблекувални, односно бањи.
Со цел да се овозможи поголемо растојание меѓу вработените, значително се намалени производствените норми.