ПОВЕЌЕ

    Подобрете го вашиот бизнис за 24 часа

    Време зa читање: 5 минути

    Ризикот поврзан со непреземање на специфични чекори за подобрување е многу поголем од ризикот доколку пробате нешто и не успеете.

    Голем број на работи поврзани со успехот на малите бизниси се директно поврзани со иницијативи на претприемачи да ги преземат работите во нивните раце. Можете ли да започнете да го подобрувате вашиот бизнис во следните 24 часа? Да, можете. Единствено нешто што ќе ви треба е систематски пристап кој ќе ве вклучи вас и целиот ваш бизнис во процесот на континуирано подобрување. Не мора да имате големи чекори за големи резултати. Мора да започнете да размислувате поинаку, да работите поинаку, и да започнете да градите процеси кои ќе започнат да ви носат непроценливи резултати за вашиот мал бизнис.

    Да видиме како можете да распоредите низ часови едноставен, но сепак моќен процес за подорбување во вашата компанија.

    Час 1: Подгответе ги алатките за подобрување

    Што претатвуваат алатки за подобрување? Наједноставно кажано, алатките за подобрување може да биде се онаа што може да се мкористи во вашите напори за имплементација на подобрувања во компанијата.

    Како еден претприемач мора да ги имате на располагање таквите алатки, спакувани во определан форма и достапни секогаш кога ќе ви затребаат. Но, прашањето е што треба се да се најде во таа кутија со алатки? Тоа зависи од вас, вашиот бизнис, пазар и индустрија во која функционира бизнисот. Тука ќе споделам еден генерален пристап кој вообичаено го давам како совет на претприемачите.

    • Алатки поврзани со процес за генерирање на идеи. Тука ќе имате различни техники кои може да се користат за генерирање на идеи акко бреинсторминг сесии, состаноци, набљудување на процеси, прашалници за купувачи, интервјуа итн.
    • Алатки за решавање на проблеми. Тука спаѓаат алатки кои ќе ги користите за навремено откривање на проблеми. На пример, може да биде 5S, или пак 5W, дијаграм на рибина коска…
    • Алатки за собирање на податоци. Тука може да бидат вашите внатрешни бази на податоци и надворешни информации поврзани со проблемот или предметот на подобрување.
    • Алатки за развој на процес за подобрување. Тука спаѓаат алатки како мапирање на процеси, 6 сигма, реинженеринг итн.

    Кога ќе имате се она што ќе ви биде потребно во процесот на подобрување можете да преминете во следниот час од имплементација на процес на подобрување.

    Час 2: Анализирајте ги мерките на бизнисот

    Вториот час треба да го потрошите во анализа на тековните мерки кои ги користите за мерење на тековните перформанси на компанијата.

    Што значи оваа?

    Прво, морате да се убедите дека мерките кои ги користите се вистинските мерки. Па, затоа започнете едноставно со барање на одговор на следниве прашања:

    • Кои мерки ги користам за да ги мерам перформансите на мојата компанија?
    • Дали овие мерки се вистинските мерки за мене?
    • Дали овие мерки ми даваат резултати во процесот на донесување на одлуки?
    • Постојат ли други мерки кои не ги користам во моментов, а кои ќе ми дата добра слика за перформансите на мојата компанија?

    Одговарајќи ги овие прашања ќе имате листа на најважни мерки кои ќе треба да ги анализирате во следниот час.

    Час 3: Анализирајте ги системите во бизнисот и процесите

    Овој трет час од вашите напори за подобрување на компанијата ќе го потрошите во прибирање на податоци поврзани со мерките од претходниот час и анализа на истите за да бидете во можност да откриете дефектни и проблематични системи и процеси или можни идеи за тоа каде подобрувањата се најприоритетни.

    Час 4: Направете листа на сите системи и процеси одговорни за слаби мерки

    Овој четвртиот час, вие и вашиот тим треба да работите на подготовка на листа со сите можни системи и процеси кои се одговорни за слаби перформанси покажани од анализата на мерките.

    Час 5-6: Браинстормирајте можни идеи за подобрување со вашиот тим

    Следните два часа се поврзани со бреинсторминг сесија за можни идеи за тоа како можете да ги подобрите веќе излистаните системи и процеси или веќе откриените проблеми.

    Целта е да дојдете до конкретно дефинирање на проблемите во секој од претходно избраните системи и процеси.

    Час 7-9: Браинстормирајте можни решенија со вашиот тим

    Овие три часа вашата задача ќе биде да бреинстормирате можни решенија за проблемите до кои дојдовте во претходните два часа. Веќе имате системи и процеси во кои е потребна интервенција за да ги подобрите. Исто така имате дефинирано проблеми кои бараат решенија кои ќе донесат подобрувања за компанијата. Сега е време да ги дефинирате тие решенија.

    Час 10-11: Анализирајте ги предложените решенија и изберете ги најдобрите

    Овие два часа вие и вашиот тим ќе треба да ги потрошите на анализа на предложените решенија со цел да направите листа на најдобрите решенија кои ќе треба да бидат имплементирани.

    Час 12-15: Подгответе план за имплементација на решенијата

    Сега се наоѓаме блиску до самата имплементација на подобрувањата, но пред да започнеме ќе мора да имаме добар план кој ќе ги зголеми можностите за добра имплементација на веќе избраните решенија.

    Час 16-23: Браинстормирајте можни идеи за подобрување со вашиот тим

    По завршување на процесот на планирање за подобрувања, следните 8 часа ќе работите на имплементација на планот при што ќе започнете со решавање на најголемите проблеми во вашата компанија.

    Час 24: Проверете дали се е имплементирано онака како што е планирано

    Последниот час од овие 24 часа ќе треба да го потрошите во проверка на резултатите од онаа што веќе сте го имплементирале. Едноставно, дали напорите даваат резултати во однос на подобрување на перформансите на вашата компанија. Доколку е така, можете да започнете со следниот циклус на подобрувања, а доколку не, ќе мора да ги потрошите следните 24 часа да ги откриете причините зошто ова се случува и да ги повторите сите претходни чекори.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично