Сегашната плата на претседателот Стево Пендаровски е 93.000 денари (1.512 евра), а со новото покачување, што треба да следи со укинување на една одредба од Уставниот суд, платата на Пендаровски треба да биде во нето-износ 163.000 денари (2.650 евра).
МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СО НАЈНИСКА ПЛАТА
Зголемување на плата од оваа година има и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со тоа зголемување таа изнесува 199.126 динари, или 1.700 евра. Највисока плата во овој дел од Европа има претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, чии примања се 3.322 евра месечно. Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, за функцијата што ја извршува е платен 3.000 евра. Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ, на своите позиции заработуваат по 2.922 евра месечно. Во однос на платата, веднаш зад нив е досегашниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, чија плата од 2.420 евра треба да ја наследи и новиот победник на изборите, Јаков Милатовиќ.
Независно од тоа што македонскиот претседател Стево Пендаровски сега има најмала плата од сите свои колеги во анализираниот регион, тој изрази негодување за растот на платата, која ќе треба да биде многу поголема од актуелнава.
‒ Сметам дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите што се исплаќаат од државниот буџет – изјави Пендаровски.
ЧИТАЈТЕ:
КОЛКАВА ПЛАТА ЗЕМА ПРЕМИЕРОТ ДИМИТАР КОВАЧЕВКИ
КАКО СЕ ДОЈДЕ ДО ОГРОМНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ?
ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ?
Швајцарскиот државен обвинител отвори истрага против Кредит Свис
Тутунски комбинат Прилеп, најстарата активна македонска компанија и една од најстарите на Балканот, годинава одбележува голем јубилеј – 150 години постоење.
ТАЈНИ ЗА УСПЕШНО ШТЕДЕЊЕ: Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да започнете поефикасно да штедите
Акционерите на Унибанка ќе делат дивиденда од 2,5 милиони евра – За успешното работење се предлага и исплата на награда за членовите на Надзорниот одбор на Унибанка АД Скопје, во нето-износ од 37.500 евра.