ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДЕНЕС: И во јануари огромен годишен раст на трошокот за храна

    Време зa читање: 2 минути

    Врз основа на податоците за инфлација од Државниот завод за статистика, Пари пресмета дека она што можело да се купи за 1.000 денари во јануари 2021 година, во јануари 2022 година чинело 1.092 денари, а веќе денес тие 1.092 денари станале трошок од 1.366 денари.

    Цените на храната не се намалуваат и покрај сите мерки на Владата за заштита на животниот стандард на населението. Граѓаните реагираат дека со секое одење во продавница се соочуваат со поскапи животни намирници. Сепак, Државниот завод за статистика евидентирал стабилизирање на цените во јануари во однос на декември и дури незначително намалување од 0,1 процент. Но, ако се гледа растот на трошоците на годишно ниво, состојбата е сосема поинаква. Во јануари годинава трошоците за храна и безалкохолни пијалaци се за дури 25,1 процент повисоки отколку во јануари 2022 година. Ако кон ова се додаде фактот дека и лани имавме висока инфлација, при што растот на трошоците за храна и безалкохолни пијалaци во јануари 2022 година бил за 9,2 проценти повисок во однос на јануари 2021 година, јасно е дека сега треба да се издвојуваат многу повеќе пари од порано.

    ЧИТАЈТЕ: ПАРИ ОТКРИВА: КОЛКУ ПАРИ ТРЕБА ДЕНЕС ЗА ХРАНАТА за која пред две години дававме ИЛЈАДАРКА

    ПАРИ ОТКРИВА: КОЛКУ ПАРИ ТРЕБА ДЕНЕС ЗА ХРАНАТА за која пред две години дававме ИЛЈАДАРКА

    ЧИТАЈТЕ УШТЕ

    IPO И КОТАЦИЈА – Желби, очекувања и реалност од Автор Илчо Лазарески
    Директор на Сектор за деловни операции при Македонска берза

    Мајкрософт планира да ја додаде својата вештачка интелигенција слична на ChatGPT во апликациите на Office

    ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ САНКЦИИ: На мета ирански фирми кои ѝ помагаат на руската армија

    ИутеКредит Македонија – информација за лажно претставување

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично