ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој започна вчера, трае и денес и се одржува во Скопје.

    На настанот учествуваат креатори на политики, лидери на компании, членови на дипломатскиот кор, меѓународни организации и претставници на академската и граѓанската заедница.

    Главниот фокус на самитот оваа година е дигитализацијата, технологиите и како тие може да помогнат да станеме поефикасни и попродуктивни за подобрување на животните стандарди. На оваа тема се обрати и Блаж Бродњак, претседател на Управен одбор на НЛБ дд.

    На Самитот покрај дигитализацијата ќе се дискутираат теми, како што се развојот на технологијата, важноста на лидерството, градењето глобални брендови, дигиталните општества, работните места и човечкиот капитал, како и блок-чеин технологиите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично