- 27 – ми јули (вторник) 2021 година, пензии со висина до 11.000 денари
- 28 – ми јули (среда) 2021 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
- 29 – ти јули (четврток) 2021 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
- 30 – ти јули (петок) 2021 година, пензии со висина над 18.001 денари.
Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 27.7 – вторник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.
Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.