ПОВЕЌЕ

    Неверојатен денарски депозит со 4,5% каматна стапка по повод јубилејни 75 години на Стопанска банка а.д. Битола

    Време зa читање: 2 минути

    Една од банките со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка а.д. Битола оваа година прославува 75 години постоење. Оваа домашна банка, со својот широк спектар на банкарски производи 75 години е сигурен партнер на домаќинствата и поддршка на бизнисите во земјата.

    Досегашното искуство на сите оние кои својата доверба ја довериле во оваа банка говори за фактот дека Стопанска банка а.д. Битола ја цени лојалноста на своите клиенти и наоѓа начини за да ја награди истата. По повод одбележувањето на овој голем јубилеј, Стопанска банка а.д. Битола за сите свои постоечки, но и за потенцијалните клиенти нуди неверојатна каматна стапка на денарски депозитен производ која е фиксна и на годишно ниво изнесува 4,5% за рок на орочување 45 месеци. Со оваа промотивна понуда Стопанска банка а.д. Битола има за цел да го стимулира штедењето и да го промовира истото како одлична финансиска пракса која во овој случај е со огромен бенефит за сите кои ќе одлучат да ги вложат своите пари во банката.

    Минималниот задолжителен влог на овој производ кој е исклучително атрактивен е 6.000МКД , а каматата 4,5% која е фиксна, се исплаќа на годишно ниво – 12 месеци од датумот на влогот, или 12 месеци од претходно исплатената камата.

    Овој промотивен производ на Стопанска банка а.д. Битола по повод одбележување на јубилејот 75 години постоење е единствена можност за сите оние кои сакаат да направат сигурен финансиски чекор во стабилна, домашна банка која покрај тоа што негува традиција, води грижа и за вредностите на своите клиенти и општеството.

    Повеќе информации за промотивниот денарски депозит

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично