ПОВЕЌЕ

    Меѓународна награда „Quality Chioce 2022“ за квалитетот во понудата на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Квалитетот придонесува за позитивен придонес на нашите производи и услуги во секојдневното живеење на секој наш клиент и во растот и развојот на бизнисите што ги поддржуваме. Квалитетот во понудата и работењето на Комерцијална банка ѝ донесе уште една престижна меѓународна награда – „Quality Chioce“ за 2022 година, доделена од организацијата European Society for Quality Research (ESQR) со седиште во Швајцарија.

    Наградата „Quality Chioce“ е признание за исклучителен успех во стратегиите за управување со квалитет, а во Комерцијална банка ја прифаќаме и како поттик за поставување и достигнување уште поголеми и одржливи вредности за извонредност во задоволувањето на потребите на нашите клиенти.

    Со оваа награда, ESQR промовира свест за квалитет, ги препознава добрите деловни практики, технолошките иновации и достигнувањата за квалитет во организациите ширум светот. Таа досега им е врачена на многу реномирани меѓународни компании, во чие друштво сега влегува и Комерцијална банка. Наградените организации и компании се избираат врз основа на одговори на прашалници изработени од ESQR и реализирани истражувања на мислење на потрошувачи и на пазарот. Како испитаници и гласачи се земаат клиенти, поранешни добитници на награда за квалитет, добавувачи, соработници, а во изборот се истражуваат и информации од јавен карактер, публикации, позитивни коментари, општествено одговорни проекти и слично.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично