ПОВЕЌЕ

    Криминалците во Италија и Германија се` почесто користат криптовалути

    Време зa читање: < 1 минутa

    Криминалците во Италија и Германија се повеќе користат криптовалути, објави царинската управа во Бон.

    „Употребата на крипто -валути за плаќање преку Интернет во контекст на криминал е очигледно во пораст“, ​​велат од управата.

    Во повеќето случаи, криминалците користат биткоин и валутата Монеро, велат истражителите.

    Криптовалутите се користат за целосно анонимизирање на процесот на нарачување и испраќање недозволени производи или услуги.

    Организираниот криминал во Италија, исто така, ги открил криптовалутите во последниве години.За мафијашките организации, анонимноста и брзите трансакции носат големи придобивки, поради што тие ги користат овие начини на плаќање, според италијанската антимафијашка полиција (ДИА).

    Мафијашите најчесто користат дигитални валути за трансакциите поврзани со дрога.

    Ниту германската ниту италијанската полициска власт досега не објавиле прецизни податоци за операциите, износите или штетата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично