ПОВЕЌЕ

    Крајот на ерата на слободните пари

    Време зa читање: 4 минути

    По намалувањата на каматните стапки и бурното купување обврзници од страна на централната банка на почетокот на 2020 година, инвеститорите веруваат дека стимулацијата на централната банка ќе трае засекогаш. Меѓутоа, денес, кога инвеститорите се помируваат со крајот на ерата на слободни пари, финансиските пазари се во грч, анализира The Economist.

    Пазарите сега очекуваат каматните стапки да се зголемат четири пати во 2022 година, бидејќи американската централна банка, Федерални Резерви  се бори против инфлацијата што го подигна растот на индексот на потрошувачките цени на 7%, ниво што едвај можеше да се замисли до пред една година. На 26-ти јануари Федерални Резерви потврди дека ќе ја прекине својата програма за купување обврзници и сигнализираше дека најверојатно наскоро ќе ги зголеми стапките.

    Оваа промена е најважната меѓу многуте што се случија во светските централни банки во последниве месеци. Но, таа неодамна почна да задира и на пазарите на средства. Откако достигна неверојатна 40 пати поголема заработка на крајот на минатата година, индексот на акции Стандард и Пур 500 падна за 9% во јануари (пазарите во Европа и Азија исто така паднаа, иако за помалку).

    Секојдневната нестабилност на пазарите е исто толку впечатлива, бидејќи ја одразува борбата на инвеститорите да ги сварат последиците од помалку пари. Една од нив е повторното одредување на цените на долгогодишните приходи. Како што паднаа каматните стапки за време на пандемијата, вредноста на хартиите од вредност со исплати што се протегаат далеку во иднината порасна.

    Акциите на технолошките фирми како Zoom и Netflix, кои веќе рипнаа високо откако голем дел од светот помина на работа од дома и порасна потрошувачката на домашна забава, изгледаа уште попосакувани бидејќи повратот на обврзниците беше речиси пред исчезнување. Нивниот пораст ја поттикна американската берза. Меѓутоа, во последно време, долгорочните реални каматни стапки се зголемија во пресрет на монетарното затегнување, што предизвика пресврт на среќата. Пресвртот беше посебно драматичен за најшпекулативните акции и за криптовалутите.

    Ефектот на повисоките стапки врз реалната економија е побавногоречки и е потешко да се предвиди. Ултра евтините пари им овозможија на компаниите да соберат огромни количини капитал во 2021 година, бум што нема да се повтори. Купувачите на станови преземаа големи хипотеки бидејќи цените на куќите пораснаа. Загрозените фирми ги искористија заемите поддржани од владата. Соодносот на државниот долг во однос на БДП се зголеми како резултат на големите, одржливи дефицити во богатиот свет и падот на растот во многу економии во развој.

    Високата задолженост ја прави светската економија почувствителна на промените во монетарната политика. Централните банки мора да ги зголемат стапките доволно за да ја смират инфлацијата, но не толку за да ги доведат економиите во рецесија додека расте каматниот товар. Домаќинствата имаат посилни биланси отколку што може да очекувате со оглед на длабочината на неодамнешната рецесија, но нивното здравје делумно зависи од тоа што цените на средствата ќе останат високи. И ако построгите правила на американските Федерални Резерви предизвикаат превирања на пазарите во развој, последиците би можеле да удрат назад врз американската економија.

    Централните банки исто така се соочуваат со потешкотии, поради ризикот од војна во Украина и неизвесностите поврзани со пандемијата. Економистите се борат да прогнозираат колку луѓе кои го напуштиле пазарот на работната сила во 2020 година на крајот ќе се вратат – и колку повеќе се вратат, толку се помали шансите дека ќе се одржи штетна спирала на платите и цените.

    Неизвесни се и прогнозите колку од потрошувачите ќе ги префрлат своите трошоци назад кон услугите, намалувајќи го нагорниот притисок врз цените на стоките, предизвикан од расипаните синџири на снабдување. Економските податоци станаа потешки за толкување. Ако продажбата на мало падне, на пример, дали тоа одразува економско слабеење или добредојдено враќање на нормалните модели на потрошувачка?

    Несигурноста за силата на глобалната економија и нејзината способност да издржи повисоки стапки, во комбинација со треперливите прсти на централните банки додека се грижат за инфлацијата, значи дека пазарите влегуваат во нова фаза. За време на поголемиот дел од пандемијата, евтините пари ги доведоа цените на средствата до неверојатни врвови, дури и кога светската економија беше на отпад. Денес тие се цврсто врзани за нејзината судбина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично