ПОВЕЌЕ

    КОЈ Е НА ВРВОТ, А КОЈ Е ПОСЛЕДЕН – Статистика објави просечната плата во мај 36.465 денари

    Време зa читање: 3 минути

    Во мај е исплатена просечната нето-плата по вработен од 36.465 денари. Износ кој е на самата граница до заокружување на 600 евра.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, мајскиот индекс во однос на забележаниот една година претходно е 116.1. Тоа се објаснува, пред сѐ, со зголемувањето на исплатениот просек во секторите административни и помошни услужни дејности за 25,5 проценти, стручни, научни и технички дејности за 21,4 и во финансиски дејности и дејности на осигурување за 18,8 насто.

    Во споредба со април, статистиката вели дека раст има во други услужни дејности – 5,3, стручни, научни и технички дејности за пет и во транспорт и складирање за 4,3 проценти.

    Гледано по сектори и по висина на исплатенот просекот, состојбата е следна:

    *Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 27.480 денари

    *Земјоделство, шумарство и рибарство – 28.627 денари

    *Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 28.755 денари

    *Административни и помошни услужни дејности – 30.595 денари

    *Преработувачка индустрија – 31.713 денари

    Во рамките на овој сектор има голема разлика од просечните примања во дејноста производство на кожа и слични производи од кожа – 24.214 денари до исплатение 55.734 денари во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати.

    *образование – 33.418 денари

    *Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли – 33.978 денари

    *Дејности во врска со недвижен имот – 34.629 денари

    *Уметност, забава и рекреација – 34.679 денари

    *Транспорт и складирање – 35.129 денари

    *Градежништво – 35.706 денари

    *Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување – 38.269 денари

    *Дејности на здравствена и социјална заштита – 39.686 денари

    *Други услужни дејности – 45.847 денари

    *Стручни, научни и технички дејности – 45.980 денари

    *Рударство и вадење на камен – 47.786 денари

    *Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 48.302 денари

    *Финансиски дејности и дејности на осигурување – 53.792 денари

    *Информации и комуникации – 70.703 денари

    И во овој сектор има голем распон меѓу просечните плати. Во издавачката дејност се работи за 32.247, а кај компјутерското програмирање, консултантски и сродни дејности – 93.536 денари.

    За потсетување, на четиричлено просечно семејство во мај му биле неопходни 49.025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница. Од нив – 19.532 денари или 44,34 отсто за исхрана и пијалаци. Стапката на инфлација во мај беше измерена со 11,3 проценти.

    Последните статистички податоци за исплатената просечна плата во мај, според соопштението на Владата, покажуваат дека „владините мерки даваат позитивни резултати и просечната нето плата во земјава континуирано расте и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично