ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка од среда 26.05.2021 ќе започне со исплата на мајските пензии

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка АД Скопје од среда, 26.05.2021 година, ќе започне со исплата на мајските пензии. На пензионерите кои имаат активна дебитна картичка пензијата ќе им биде на располагање истиот ден и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

    • среда 26.05.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари
    • четврток 27.05.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
    • петок 28.05.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
    • понеделник 31.05.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари

    Од банката потсетуваат, клиентите при посета на шалтер, заради заштита на своето и здравјето на вработените, мора задолжително да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција од вирусот Covid-19 – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично