ПОВЕЌЕ

    Колку часа им требаат на извршните директори да ја заработат годишната плата на вработените?

    Време зa читање: 3 минути

    Очекувано е извршните директори на големите компании да заработуваат многу повеќе од своите вработени, но ретко се зборува за огромната разлика помеѓу примањата на директорите и работниците.

    „Бизнис инсајдер“ неодамна пресмета колку време им е потребно на извршните директори на 19 најголеми американски компании за да ја заработат просечната годишна плата на нивните вработени. Резултатите покажуваат дека за многу директори, потребно е помалку од еден ден за да го заработат износот што го земаат вработените во нивната компанија.

    Сафра Кац, извршен директор на „Оракл“ – 30 дена и 10 часа
    Заработка: 965.981 долар
    Просечна годишна заработка на вработен: 83.813 долари
    Однос: 12:1

    Џен-Хсун Хуанг, извршен директор на „Нвидија“ – 4 дена и 4 часа

    Заработка: 13.642.838 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 155.035 долари
    Однос: 88:1

    Сасан Гударзи, извршен директор на „Интуит“ – 3 дена и 5 часа

    Заработка: 17.933.345 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 157.232 долари
    Однос: 114:1

    Крег Џелинек, извршен директор на „Костко“ – 2 дена и 4 часа

    Заработка: 8.016.200 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 47.312 долари
    Однос: 169:1

    Алфред Ф. Кели Џуниор, извршен директор на „Виза“ – 2 дена и 4 часа

    Заработка: 24.265.771 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 142.494 долари
    Однос: 170:1

    Чак Робинс, извршен директор на „Сиско“ – 2 дена

    Заработка: 25.829.833 долари

    Просечна годишна заработка на вработен: 142.593 долари
    Однос: 181:1

    Марк Бениоф, еден од извршните директори на „Сејлсфорс“ – 1 ден и 23 часа

    Заработка: 28.391.846 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 151.955 долари
    Однос: 187:1

    Тим Кук, извршен директор на „Епл“ – 1 ден и 20 часа

    Заработка: 11.555.466 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 57.596 долари
    Однос: 201:1

    Омар Ишрак, извршен директор на „Медтроник“ – 1 ден и 13 часа

    Заработка: 17.796.325 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 74.206 долари
    Однос: 240:1

    Сатја Надела, извршен директор на „Мајкрософт“ – 1 ден и 11 часа

    Заработка: 42.910.215 долари

    Просечна годишна заработка на вработен: 172.512 долари
    Однос: 249:1

    Стив Молекоф, извршен директор на „Квалком“ – 1 ден и 10 часа

    Заработка: 23.065.052 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 90.259 долари
    Однос: 256:1

    Карлос Родригез, извршен директор на АДП – 1 ден и 5 часа

    Заработка: 19.000.187 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 63.225 долари

    Однос: 301:1

    Марк Г. Паркер, поранешен извршен директор на „Најк“ – 15 часа и 56 минути

    Заработка: 13.968.022 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 25.386 долари
    Однос: 550:1

    Фабрицио Фреда, извршен директор на „Есте Лаудер“ – 12 часа и 34 минути

    Заработка: 21.435.428 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 30.733 долари
    Однос: 697:1

    Дејвид П. Роланд, поранешен в.д. извршен директор на „Аксентур“ – 10 часа и 43 минути

    Заработка: 15.031.875 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 18.392 долари
    Однос: 817:1

    Боб Ајџер, извршен директор на „Дизни“ – 9 часа и 37 минути

    Заработка: 47.517.762 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 52.184 долари
    Однос: 911:1

    Даг Мекмилон, извршен директор на „Валмарт“ – 8 часа и 8 минути

    Заработка: 23.618.233 долари

    Просечна годишна заработка на вработен: 21.952 долари
    Однос: 1.076:1

    Ерни Херман, извршен директор на ТЈХ – 5 часа и 29 минути

    Заработка: 18.822.770 долари

    Просечна годишна заработка на вработен: 11.791 долари
    Однос: 1.596:1

    Кевин Чонсон, извршен директор на „Старбакс“ – 5 часа и 14 минути

    Заработка: 19.241.950 долари
    Просечна годишна заработка на вработен: 11.489 долари
    Однос: 1.675:1

    Автор: Енди Кирц
    Извор: businessinsider.com

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично