Во секојдневниот живот, многу е важно да се пронајдат и континуирано да се практикуваат позитивни навики. Иако секој поединец има различни потреби и интереси, создавањето навика за штедење е корисно за секоја општествена единка. Ако редовното одвојување одредена сума пари, согласно вашите можности, го претворите во навика, во иднина ќе можете да ги остварите своите долго посакувани желби и да ги реализирате сите оние планови кои во моментот, во најголема мера зависат од состојбата на вашите финансиски средства.
Во денешното современо општество достапни се различни начини на штедење, но најсигурен и најисплатлив е формирање паричен депозит во банка. Притоа, од исклучителна важност е да направите вистински избор на банка на која ќе ѝ ги доверите вашите финансии, како и да го изберете најсоодветениот модел на штедење. Важноста на изборот на банка потекнува од потребата за чувство на сигурност дека банката паметно и одговорно ќе ги користи вашите пари, но и дека ќе ви обезбеди модели на штедење прилагодени на вашите потреби и вашиот животен ритам.
А токму таква е Халкбанк која не само што е сигурен партнер, туку согласно различните потреби и разлики во динамиката на животните стилови на граѓаните, создаде повеќе различни производи наменети за штедење на физички лица. Моментално, во Светскиот месец на штедењето – октомври, најактуелен е Промо депозитот кој нуди можност за орочување на средствата на 13 и 25 месеци. Овој производ се карактеризира со атрактивни каматни стапки од 1% за штедење во денари и 0,80% во евра, за депозити орочени на 13 месеци, односно 1,30% за денарско штедење и 1% за штедење во евра за орочување на период од 25 месеци. Каматите се фиксни за периодот на орочување, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Понудата за Промо депозитот важи само во периодот од 1 до 31 октомври 2021 година.
Примамливи каматни стапки има и Evolve депозитот, кај кој каматната стапка расте на секои 6 месеци. Овој депозит овозможува остварување принос од 2,7% за штедење во денари, односно 1,7% за штедење во евра во рок од 24 месеци сметано на иницијалниот влог. Кога станува збор за Evolve депозитот, Халкбанк нуди два типа депозити – Evolve депозит со можност за дополнителни вложувања и Evolve депозит со можност за предвремено раскинување, па секој штедач може да го одбере посакуваниот начин на орочување кој најмногу соодветствува на неговите барања и потреби.
Доколку сте корисник на електронското банкарство на Халкбанк, постои можност да отворите Онлајн депозит, по електронски пат и без потреба од физичка посета на филијалите на Банката. Орочувањето кај Онлајн депозитот може да биде на 6, 12 или 24 месеци и потпишувањето на Договорот за депозит е во електронска форма
Производот Мој депозит овозможува делумни повлекувања на средства, при што на повлечениот дел од депозитот не се пресметува камата, додека за останатиот дел се пресметува камата по договор. Овој -тип на штедење е достапен за сите физички лица кои во Халкбанк имаат прилив по основ на плата, пензија или дополнителни примања.
Отворениот депозит е соодветен за секојдневно штедење бидејќи нуди можност за дополнителни и повеќекратни уплати во текот на едногодишниот договор за орочување, а истиот може да се надополнува и преку електронско и мобилно банкарство или со траен налог.
Генералното штедење со фиксни каматни стапки е стандарден тип на штедење, без можност за дополнителни уплати или исплати од депозитот во периодот на орочување. Кај овој тип на производ штедачите имаат можност да одберат исплата на месечна камата или исплата на камати на крајот на периодот на орочување под исти каматни стапки. Валути во кои се орочуваат средствата за овој тип на штедење се денари, евра и американски долари.
Производот Е-Касичка е наменет за корисниците на Mastercard Debit Contactless картичката на Халкбанк и со него се штеди при секое плаќање, односно, со секоја трансакција, одреден износ се трансферира на посебна штедна сметка, наменета исклучиво за овој тип штедење. Е-Касичка ви овозможува самостојно да го одберете износот што би сакале да се заштеди при секоја извршена трансакција со Mastercard Debit Contactless кртичката.
Навиката за штедење е добро да се создава уште од најрана возраст, па затоа тука е Халки, кој се погрижи да обезбеди Детско штедење. Можат да штедат најмалите, но и родителите кои сакаат да обезбедат посигурна иднина и финансиска стабилност за своите деца. Производот е со фиксни каматни стапки со рок на орочување до 60 месеци и можност за повеќекратни уплати. Во месец Октомври за рок на орочување 25 месеци банката понуди зголемени каматни стапки во однос на претходните редовни стапки.
Покрај обезбедување финансиска сигурност, штедењето нуди гаранција за сигурна и безгрижна иднина, а луѓето кои имаат навика да штедат пари, живеат поудобно. Затоа, доколку сè уште не сте започнале, сега е вистинското време да штедите, а во тоа ќе ви помогне Халкбанк преку било кој производ наменет за штедење.