ПОВЕЌЕ

    КБ Прво пензиско друштво со изменето време за работа со странки

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ве известуваме дека КБ Прво пензиско друштво, изврши измени на времето на работа со странки и тоа почнувајќи од понеделник 23 март,​ приемот е во временски интервал од 08.00 до 13.00 часот.

    Воедно, остануваме достапни на три мобилни линии (075 202 919, 075 202 917 и 078 301 522), секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

    Согласно препорачаните мерки за претпазливост, апелираме до Вас да ги минимизирате посетите и контактите со нашите агенти, вработени и продажната мрежа, освен при неопходни потреби.

    Ве охрабруваме во следниот период да ги користите електронските канали за комуникација со нас.

    Дополнително, ве информираме дека ново работно време имаат и нашите продажни места во Комерцијална банка и Шпаркасе банка.

    За истите може да се информирате на следните линкови:

    https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1410&lang=1&uc=40&par=3

    https://sparkasse.mk/ContentSoopshtenija.aspx?IdSoopshtenija=2271&IdRoot=1&IdLanguage=1&IdMenu=1

    Да останеме безбедни, а сепак поврзани!, стои во известувањето.

    #ЗаштитиСе #СедиСиДома #ПоврзаниДоЦелта

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично