ПОВЕЌЕ

    Како Финтек го менува банкарскиот систем?

    Време зa читање: 2 минути

    Разбирливо е дека корпоративните гиганти како Facebook и Амазон веќе воспоставуваат системи на плаќање и давање заеми на студенти, земајки го предвид фактот дека тие веќе имаат огромни детални бази на податоци од нивните корисници.

    Голем дел од тие корисници имаат доверба во нив. Токму тие показатели ги загрижуваат конвенционалните банки. Енормен број на релативно помали финтек фирми се фокусираат на давање услуги кои можат да бидат наречени банкарски. Самите провизии за овие услуги имаат тенденции да бидат поефтини и поедноставни за користење.

    Моментално во светот постојат повеќе од 2 милјарди луѓе кои немаат никаков пристап до банкарски услуги. Не станува збор само за луѓе кои живеат во неразвиените земји, туку и индивидуи од големите развиени земји се исто така вклучени во оваа група. Во блиска иднина, финтек ќе придонесе до намалување на таа бројка. Поради постојаниот развој, денешните корисници ќе имаат огромни бенефити кои не им биле достапни на претходните генерации.

    Замислете иднина каде што возачите со осигурителна полиса, се автоматски поврзани со осигурителните компании кои можат електронски да ја следат состојбата на колата и степенот до кој возачот внимателно вози. Тоа може да биде коефициент кој ќе биде постојано менуван и ажуриран во осигурителната полиса.

    За среќа, банките се свесни дека целата финансиска сцена се менува. И доколку сакаат да останат релевантни, мора да еволуираат со помош на финансиската технологија. Тоа значи дека одредени банки ќе се прилагодат подобро од другите. Ќе постојат и банки кои ќе исчезнат поради нивната неспособност да ги прифатат неизбежните промени. Одредени работни позиции во банкарските институции ќе исчезнат, и нови работни места ќе бидат создадени во финтек индустријата. Тие работни места ќе бидат многу поразлични и ќе бараат нови и различни вештини, со цел да можат да бидат ефективно извршувани.

    Стандардните предмети како економија и маркетинг кои се изучуваат на факултетите ќе останат релевантни и во иднина. Но потребно е голем број на нови предмети поврзани со финтек индустријата да бидат вклучени во универзитетската програма, со цел студентите да бидат обучени и спремни да ја прифатат оваа нова банкарска револуција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично