ПОВЕЌЕ

    Како се калеше криптовалутата биткоин

    Време зa читање: 2 минути

    Во изминатите 20 години, со развојот на технологијата, голем број на луѓе станаа загрижени за нивната приватност. Имаа чувство дека се следени и контролирани од страна на големите банки и гигантските корпорации. Ова всушност ја претставува и првобитната причина поради којашто првата криптовалута, наречена биткоин, се појави на пазарот во 2009 година.

    Калењето на биткоинот започна во ноември 2008 година кога Сатоши Накамото, создавачот на биткоин, објави документ наречен, Bitcoin: A peer-to-peer electronic cash system. Концептот за создавање на биткоинот беше спротивен на дотогашните конвенционални и централизирани финансиски трансакции.

    Технологијата во позадина којашто се грижи за датабазата на биткоинот се нарекува блокчејн. Сите биткоин трансакции се регистрираат со помош на блокчејн и јавно се достапни за сите корисници. Со користење на овој метод, информациите во датабазата не можат да се изгубат.

    Единственото „принтање“ на оваа валута е овозможено само со метод наречен „копање“, а може да се сретне и како „рударење“. Тоа претставува награда која му се дава на тој што успешно ќе „ископа“ нови биткоини. Во просек, секои 10 минути се создава нов биткоин од т.н. рударење.

    Во јануари 2009 година Сатоши Накамото ја објави првата верзија на биткоин на Sourceforge, напишана во програмскиот јазик C++. Моментално, првата верзија не е достапна на Sourceforge.

    Денес, секој може да купи криптовалути. Голем број на онлајн платформи како coinbase.com овозможуваат размена на пари од платежна картичка за дигитални пари (криптовалути).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично