ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на Стопанска банка АД Скопје за периодот што следи?

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно објавените макроекономски проекции од страна на  релевантни институции, економијата во 2021 година се очекува да оствари раст на бруто домашниот производ кој би се движел во рамки од  3,5%-4% и кредитен и депозитен  раст од околу 6%.

    Во тој контекст,  како Банка со најголема капитална основа и најголемо кредитно портфолио во земјата, Стопанска банка АД – Скопје очекува да се движи во линија на порастот на пазарот, со зголемување на пазарното учество во корпоративниот сектор и задржување на водечкото пазарно учество во секторот на население, преку понуда на услови и цени кои се согласно конкуренцијата, при тоа почитувајќи ги принципите за прудентно работење во своите кредитни политики.

    Во делот на депозитното работење, Банката планира задржување на конкурентските услови и понуда на депозити кои ќе ги следат потребите на клиентите како и осовременување на начинот на комуникацијата со клиентите во овој сегмент.

    Како и досега, надоградбата и осовременувањето на дигиталните канали на комуникација и оператива ќе бидат приоритет во проектното портфолио на Банката. Секако, грижата за вработените и континуираното функционирање на Банката на услуга на клиентите останува да биде примарен фокус на менаџментот како и во досегашното период.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично