ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на менаџментот на Стопанска банка Битола за претстојниот период

    Време зa читање: 2 минути

    Во првите девет месеци од тековната година, напорите на Банката беа насочени кон наплата на нефункционалните и претходно отпишани побарувања, кои заедно со редовните приходи од работењето придонесоа за остварување позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 30.9.2021 година, односно нето-добивка во износ од 382,66 милиони денари, што е значителен пораст на добивката за 364,66 % споредено со истиот период од минатата година.

    Во периодот што следува, Банката очекува одредено стабилизирање на макроекономско опкружување и умерено нагорно придвижување во економијата во услови на присутна неизвесност, пред сè од расположливоста и движењето на цената на енергенсите во глобални рамки и во домашната економија. Во согласност со Деловната политика, со развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал и поддршка на економијата преку кредитирање бонитетни клиенти – правни и физички лица, кон понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилени мерки и активности за наплата на нефункционални кредити, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Интензивно ќе се работи и на понатамошна дигитализација на одредени процеси и активности во Банката со цел да се приспособи понудата на производи и услуги на профилот на современиот клиент, а воедно и да се следи процесот на забрзана дигитализација во земјите во развој како последица на ковид-пандемијата. Воедно, Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за понатамошно профитабилно работење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично