Дигитализација на работните процеси и полесен пристап до финансии беа темите на кои дискутираа претставниците на ИКТ Комората при Сојузот на стопански комори и Здружението на бизнис жени на настан кој се одржа во просториите на Сојузот.
Претставниците на ИКТ Комора ги презентираа можностите за дигитализација на работните процеси, како и придобивките од користење на современи дигитални алатки. Се презентираa и можностите за добивање на финансиска поддршка од странски и домашни фондови, а се разгледуваше и интересот за заедничко учество на проекти, како би можеле полесно да се исполнат поставените критериуми и да се оствари поширок бенефит.
Учесниците на настанот искажаа заедничко согледување дека постои голема потреба за организирање на вакви настани со редовна динамика, што ќе продолжи во наредниот период.