НЛБ Банка ги известува клиентите дека во согласност со последните воведени мерки од Владата на РСМ за спречување на ширење на Корона вирусот, како и промената на полицискиот час, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од среда 08.04.2020 година (денес) и тоа:
• Сите експозитури на НЛБ Банка од понеделник до петок ќе работат во период од 07:30 до 13:30 часот.
• Експозитурите на Банката во сабота нема да работат.
Дополнително, со цел зајакнување на капацитетите на работа, ќе работи и експозитурата во Ново Лисиче. Работното време на експозитурите ќе се менува тековно согласно актуелните мерки и состојби и истото редовно ќе се ажурира на веб страницата на Банката на следниот линк.
НЛБ Банка е заедно со своите клиенти за сè што следи и е достапна на социјалните мрежи, на веб страницата и на телефонскиот број 02/15-600.