
Агенцијата за супервизија на осигурувањето по повод 1-ви ноември, денот на осигурувањето, распиша литературен конкурс на тема “Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е моја финансиска сигурност.”
На конкурсот наменет за ученици од средните училишта, учениците имаа можност да напишат есеј во кој ќе го претстават својот личен став кон улогата на осигурувањето, финансиската писменост и едукација.

Најдобрите три творби беа наградени од Агенцијата за супервизија на осигурувањето со парична награда во износ од 8.000 денари.
Прво награден на овој конкурс беше есејот на Матеј Ѓерасимовски, ученик во прва година во Приватното средно училиште САБА Скопје.

Извадок од наградениот есеј на Матеј:
“Животот навистина е полн со изненадувања, но тоа не значи дека треба да живееме во страв. Напротив, треба да го прегрнеме животот со сите негови неизвесности, но истовремено да бидеме паметни и да се подготвиме за она што не можеме да го контролираме.
Осигурувањето ми стана мој тивок партнер во оваа авантура која се вика живот. Тоа не ми ветува дека нема да има проблеми, но ми ветува дека кога ќе дојдат, јас и моето семејство нема да останеме сами. Тоа ми дава слобода да сонувам големи соништа, да ризикувам за она во што верувам, и да живеам исполенето – знаејќи дека моите најблиски се заштитени. Кога имаш добра финансиска заштита, можеш да се фокусираш на убавините на животот наместо постојано да се грижиш за тоа што може да се случи утре.”
Аналитика








