ПОВЕЌЕ

    ДРЖАВНИТЕ ПАРИ насочени за справување во оваа кризна состојба -БЕГ ќе мора да ги враќа во 2023 -та

    Време зa читање: 4 минути

    Договорот помеѓу државната ЕСМ и приватните БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП – БЕГ и Скопје Север за привремено превземање од денеска е на сила. Тоа значи дека парите кои се наменски насочени за справување во оваа кризна состојба од буџетот према БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП – БЕГ, истите ќе мора да бидат вратени догодина.

    За таа цел, 6 милиони евра буџетски пари на граѓаните се одвоени, но само за гас и производство на топлинска енергија, и обврска БЕГ да ги врати догодина.

    Гаранцијата дека граѓаните ќе имаат топли радијатори ќе зависи од одлуките на мешаниот тим директори преку врзани потписи во одлуките.

    Согласно договорите парите ќе бидат користени освен за набавка на гас и за други трошоци исклучиво поврзани со производниот процес..

    Целото функционирање на БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП – БЕГ до крајот на грејната сезона ќе биде условено. Без потпис од лице овластено од ЕСМ, компанијата нема да може да носи било какви одлуки, договори или пак да врши исплати.

    „Балкан Енерџи гарантира за вложените средства добиени од страна на државата со меница потпишана од основачот на Балкан Енерџи. Враќањето на средствата кон АД ЕСМ ќе се реализира во 2023 година по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за определување на трошоците за грејната сезона“, велат од ЕСМ.

    ЕСМ уверува дека граѓаните ќе добиваат топлинска енергија и исти сметки на струја бидејќи и самата проивездува топлинска енергија и има ресурси и кадар во своите редови да го спроведе менаџирањето.

    БЕГ има обврска да си ги плати трошоците за производство заклучно 21 јануари. Но, дали ќе бидат доволни само 6 милиони евра државни пари за топли домови на скопјани ќе зависи пред се од зимските температури, но и од цената на гасот на берзата.

    Да потсетиме, која е визијата и мисијата на БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП – БЕГ објавена на нивната веб страна:

    Визија

    БЕГ АД има за цел да се развие во сериозен фактор во енергетскиот сектор преку проширување на своето портфолио во инвестициони проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и одржлив развој, кои освен што ќе придонесат во енергетскиот развој на земјата, значајно ќе учествуваат во решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, со акцент на градот Скопје.

    Наши цели:

    • Ефикасен систем за централно греење, преку користење на обновлива енергија, отпадна топлина, топлина од комбинирано производство или нивна комбинација;
    • Интеграција на дистрибутивната мрежа на подрачјето на Град Скопје
    • Приклучување на нови корисници, зголемување на густината на топлинскиот конзум и проширување на топловодната мрежа со која управуваме на подрачјето на Град Скопје;
    • Воведување на соларен систем за централно снабдување со санитарна топла вода во новоизградени објекти, со што граѓаните ќе добијат современ, конкурентен и еколошки супериорен начин на греење;
    • Топлински загуби во дистрибутивната мрежа не поголеми од 7% до 2040 година.

    Постојаните заложби за квалитет, подобрување на нивото на професионален однос на вработените и нивна континуирана едукација, како и имплементирање на енергетско-ефикасни решенија ќе придонесат за повисоко позиционирање на БЕГ АД на енергетскиот пазар.

     Мисија

    Мисија на БЕГ АД е да го одржи и подобри процесот на производство на електрична енергија и топлина, како и континуирано да придонесува за одржување на стабилен енергетски систем на Република Северна Македонија. Остварувањето на визијата е можно преку посветено професионално работење со ефикасно искористување на ресурсите, и поддршка од локалната самоуправа и сродните институции во процесот на имплементација на проектите кои ќе придонесат кон далекусежно намалување на загадувањето во градот Скопје и одржлив развој. Дополнително, земајќи во предвид дека Компанијата постои за корисниците, зголемувањето на доверба кај корисниците е од највисок приоритет и важност за Компанијата. Професионалноста, квалитетот и ефикасноста во исполнувањето на  обврските резултираат во задоволни корисници. Во таа насока е и мисијата на компанијата, одговорно да продолжи со постојано унапредување на производниот систем систем за електрична енергија и топлина, со цел да обезбеди доверлив, енергетски ефикасен и високо еколошки прифатлив извор на енергија за корисниците, стои на веб страната..

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично