ПОВЕЌЕ

    Додека другите трошат, вие заштедете! Промотивна 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка

    Време зa читање: 2 минути

    ПроКредит Банка е првата целосно дигитализирана банка во земјата,  која постојано воведува иновативни продукти за своите бројни клиенти, физички и правни лица.

    Најновата промотивна понуда за физички лица, за орочен денарски депозит за 2 години, со фиксна каматна стапка од 2%, е одлична можност за сигурна, безбедна и стабилна заштеда.

    Една од главните предности на промотивната кампања е тоа што новите и постојните клиенти на Банката аплицираат комплетно дигитално, без да има потреба од посета на експозитура, преку услугата е-банкарство со што заштедуваат време и избегнуваат непотребни посети на експозитури.

    Со аплицирањето во промотивниот период заинтересираните клиенти кои ја препознаваат можноста и бенефитите за штедење во банка со Германски капитал, добиваат и најповолни услови на пазарот:

    • Фиксна, загарантирана каматна стапка до крајот на периодот на орочување;
    • Исплата на камата на месечно ниво;
    • Можност за предвремено разорочување на средствата без пенали, со 0,01% камата по видување;
    • Можност за онлајн орочување на депозитот, без посета во филијала.

    Новата летна промотивна каматна стапка е одлична можност да си обезбедите сигурна заштеда со атрактивни услови, но и долгорочно да инвестирате во вашата навика за штедење..

    Повеќе информации за промотивната фиксна каматна стапка за депозити секогаш може да дознаете на линкот, на мејл: [email protected] или со повик на: 02/ 2 446 000.

    Искористете ја можноста да заштедите ова лето со ПроКредит Банка, првата дигитална банка!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично