2021 година беше година на успех за групацијата ИутеКредит, со придвижување кон целосно дигитализирани процеси за корисниците како и воведување на нови платежни сервиси.
Оперативни достигнувања
- Зголемена исплата на кредити за 41,9% во споредба со 2020 година или 167 милиони евра (12м/2020: 117,7 милиони евра).
- Поголем број потпишани договори за 31% во споредба со 2020 година или 291.439 (12м/202: 222.418).
- Билансот на состојба со пораст од 43% во споредба со 2020 година или 116,6 милиони евра (31 декември 2020: 116, 6 милиони евра).
- Зголемување на кредитното портфолио од 26,6% во споредба со 2020 година или 120,4 милиони евра (31 декември 2020: 95 милиони евра), од кои вредноста на принципалот е поголема за 34,1% или 106 милиони евра (12./202: 79 милиони евра).
- Пораст во вкупниот број на клиенти од 12,4% во споредба со 2020 година.
- Подобрена дисциплина на плаќање, 86,7% (12м/2020: 84,7%).
- Поголемо нето кредитно портфолио од 33,1% или 105,4 милиони евра (31 декември 2020: 79,2 милиони евра).
- Поголем вкупен број на клиенти за 12,4% или 811 илијади клиенти (31 декември 2020: 687 илјади клиенти).
Стратешки достигнувања
- Целосно дигитализиран кориснички процес со околи 180 000 апликации за кредит потпишани преку мобилната апликација MyIute.
- Постојано унапредување на можностите за приходи преку “wallet” и платежни услуги.
- Воведување на бескартични банкомати во сите земји кадешто ИутеКредит работи.
Финансиски достигнувања
- Поголеми приходи од камати и провизии за 8,7% во споредба со 2020 година или 48,3 милиони евра (12м/2020: 44,5 милиони евра) како резултат на пофолема исплата на кредити.
- Вкупниот приход е во пораст од 9,1% или 61,2 милиони евра споредено со 2020 година (12м/2020: 56,1 милиони евра).
- Нето приходите од камати и провизии се зголемени за само 1,5% или 34 милиони евра (12м/2020: 33,5 милиони евра) како резултат на зголемените каматни плаќања поврзани со издавање обврзници.
- Соодносот на трошоците и приходите е 40,3% (12м/2020: 32,5%) како резултат на закрепнувањето на деловната активност и поврзаната нормализација на трошоците.
- Зголемена нето добивка од 15,7% или 6,1 милиони евра (12м/2020: 5,2 милиони евра).
“Еден од најважните фактори кои придонесоа за успешната година на ИутеКредит се одржливите кредитни политики, со кои клиентите добиваат можност да подигнат кредит на подолг рок со помала каматна стапка. Дигитализацијата и новите услуги кои ги нудиме исто така придонесоа за раст во минатата фискална година. Тие се секако многу важен предуслов и за лесна интеграција на решението за е-трговија на Иуте.
Во текот на 2022 година целта на групацијата IuteCredit е да го зголеми бројот на активни корисници на кредит, да ги зголеми приходите и профитот, истовремено исполнувајќи и ги договорите за обврзници и групациската политика за дивиденда.”, изјави Тармо Силд, главен извршен директор на ИутеКредит Европа.