ПОВЕЌЕ

    БЕГ остана без лиценца, кој ќе ги стопли домовите на скопјани од октомври?

    Време зa читање: 3 минути

    Шест месеци порано престана да важи лиценцата на Балкан Енерџи Груп за снабдување на скопјани со парно греење. Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да им го прекине правото за вршење на енергетска дејност, производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија. Целта е поради непредвидливиот тек на настаните поврзани со украинската војна и снабдуањето со руски гас неопходен за производство на топлинската енергија, државата под свои закрила да го презеде греењето на парно за да обезбеди стабилна грејна сезона. Се уште нема информации кој, државното ЕСМ или Град Скопје ќе ја презеземат дејноста, но властите уверуваат дека скопјани непречено ќе имаат парно греење.

    БЕГ е должна да продолжи да ги снабдува скопјани со парно се додека не се најде нов вршител на оваа дејност. Сепак, друг проблем е и природниот гас. Ако прекине снабдувањето повторно во прашање се доведува производството на топлинска енергија. Како опција постои мазутот, но тогаш цената на парното би била неколкупати повисока.

    Инаку, како што веќе објави порталот „Пари“, во 2021 година од трите ќерки фирми на Балкан Енерџи Груп кога на половина грејна сезона управувањето го презеде државното ЕСМ – Снабдување со топлина, Производство на топлина и Дистрибуција на топлина само една остварила добивка.

    Во делот на приходите фирмата Снабдување успеала да постигне раст од 6,99 процени или во апсолутни бројки направила промет од 27,4 милиони евра. Кај Производство единствено се намалиле приходите од речиси 14 милиони евра во 2020-та на 12,2 милиони минатата година. Позитивни резултати во делот на приходите остварила и Дистрибуција. Во 2021 оваа компанија забележала промет од 25,6 милиони евра додека во 2020-та 24,3 милиони евра.

    КомпанијаПриход 2021Приход 2020Раст %
    Снабдување со топлина Балкан Енерџи27,4 милиони евра25,6 милиони евра+6,99%
    Производство на топлина Балкан Енерџи12,2 милиони евра13,9 милиони евра-13.02%
    Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи25,6 милиони евра24,3 милиони евра+5,48%

    Сепак, многу полоши резултати покажале компаниите кај добивката. Освен Дистрибуција која покажала минимална добивка остантите две биле во загуба. Снабдување покажало минус од 3,642 евра, Производство било во загуба од 86,432 евра. Дистрибуција покажала повисока добивка за 3,16 проценти односно во 2021 завршила во позитива од 675,862 евра, додека во 2020 на завршната сметка имала 655.161 евро.

    КомпанијаДобивка/Загуба 2021Добика/Загуба 2020Раст %
    Снабдување со топлина Балкан Енерџи-3,642 евра-531,564 евра-99,31%
    Производство на топлина Балкан Енерџи-86,436 евра1,6 милиони евра/
    Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи+675,864 евра+655,161 евро+3,16%

    Трите компании на БЕГ лиценцата за снабдување, производство и дистрибуција на топлинска енергија за Скопје ја добија во декември 2012 година со рок на важење од 10 година.

    Владата веќе подготвува тендер за избор на компанија која би го презела бизнисот со парно греење. Како најсигурна опција се Град Скопје или државата преку ЕСМ да ја презеде компанијата. Покана да аплицира на тендерот веќе доби градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, доколку нема интерес од Владата најавија дека ќе бараат друго решение. Постапката за одземање на лиценцата е започната со цел скопјани да имаат непречено снабдуање со парно греење за новата грејна сезона.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично