Апелацискиот суд Скопје постапува согласно законот и Судскиот деловник, каде на јасен начин е регулиран начинот на заведување, предавање и постапување на судските предмети, соопштија утрово од Апелација по обвинувањата за брзото постапување по предметот ТСЖ.бр.1554/21 оформен по жалбата на група доверители на Еуростандард банка.
- Согласно чл. 175 ст.2 од Судскиот деловник, предметите од итна природа веднаш се заведуваат и преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предметим веднаш се распределуваат на судиите. Судијата известител согласно чл. 182 ст.1 од Судскиот деловник, постапува по предметите според редот на приемот, освен во итни или други оправдани случаи, појаснуваат од судот.
Во конкретниот случај, велат од Апелација, советот на овој суд при одлучување по предметот ТСЖ.бр.1554/2021, кој е од итен карактер, постапил согласно член 182 ст.5 од Судскиот деловник, во кој е предвиден начинот на првенствено земање на овој вид предмети во работа.