ПОВЕЌЕ

    Амбулантите на БРАКО ги заменија старите бараки на Здравствен дом Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Трите амбуланти кои БРАКО ги изгради во Скопје пружија целосно нови услови за пациентите и за медицинскиот персонал. 

    Старите дрвени амбуланти во Ѓорче ПетровЛисиче и Бутел, кои во рамките на проектот на Министерството за здравство беа заменети со нови и современи, сега овозможуваат  чисти, хигиенски и пристојни услови за здравствени прегледи и лекување на граѓаните. 

    Челичната конструкција е изработена во БРАКО, ѕидните и кровните панели се набавени од Србија и Грција, а дополнително се внатрешно зајакнати со стаклена волна и огноотпорни гипсани плочи.

    Објектите имаат внатрешни хидранти, аларми за пожар со детектори за чад, посебни антипаник кваки на вратите за лесно отворање и хидранти надвор околу објектот. 

    Со ова, Здравствениот дом Скопје доби објекти кои се квалитетни, издржливи и безбедни, и се далеку над стандардот на дрвените бараки во кои претходно се наоѓаа амбулантите.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично