ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Скопје: Информација за исплата на пензии за септември 2021

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје известува дека пензиите за месец септември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

    Со пензиите за месец септември, клиентите ќе можат да располагаат од 28. 9. 2021 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

    1. До 11.000 денари на 28. 9. 2021 (вторник)
    2. 11.001-14.000 денари на 29. 9. 2021 (среда)
    3. 14.001-18.000 денари на 30. 9. 2021 (четврток)
    4. Над 18.001 денари на 1. 10. 2021 (петок)

    Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

    Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

    Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

    Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м, стои во соопштението на банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично