Од 30 септември до 2 октомври 2024 година, ПроКредит Банка Босна и Херцеговина беше домаќин на ProCredit Connect: Регионален B2B самит во Сараево. Повеќе од 500 учесници се собраа на самитот, обезбедувајќи платформа за деловно вмрежување и зајакнување на пазарните можности. Учесниците, деловни клиенти на банките на ПроКредит, дојдоа од Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Северна Македонија, Косово, Романија, Албанија, Молдавија, Украина, Грузија, Грција и Германија. Во текот на трите дена на самитот ProCredit Connect, претставници на компании од металната, дрвната и прехранбената индустрија имаа можност да слушаат регионални експерти и анализи за трендовите во индустријата. Во текот на пет циклуси на B2B состаноци, учесниците создадоа нови контакти, разменија искуства, бизнис идеи и разговараа за иновациите во индустријата.
Самитот започна со свечен прием во Градското собрание на Сараево. Оваа вечер го означи почетокот на енергичната размена на идеи и градењето деловни врски што ќе го карактеризираат тридневниот настан.
Важноста на регионалната економска мрежа
Една од клучните теми на овој самит беше важноста на регионалната економска соработка. На B2B самитот учествуваа повеќе од 300 компании. Овие компании имаат кумулативен годишен обрт од околу 3,5 милијарди евра и извоз од приближно 1 милијарда евра. Со околу 30.000 вработени, тие претставуваат моќен потенцијал за економски раст во регионот. Регионалното вмрежување ќе им овозможи на овие компании да ги прошират своите пазарни граници, да најдат нови купувачи и добавувачи и да го зајакнат својот бизнис. Повеќе од 700 B2B состаноци одржани за време на ProCredit Connect се секако клучен исход од самитот кој ќе придонесе за нивниот раст.
Улогата на ПроКредит Банка
Регионалниот B2B самит го редефинира вмрежувањето меѓу компаниите во регионот, нагласувајќи го значењето на соработката за успех и иновација. Милан Дамчевски, Член на Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје, истакна: „ПроКредит Банка континуирано ги поддржува претприемачитебидејќи сме свесни за потребите на нашите клиенти, како и за потенцијалот за понатамошен развој на нивните бизниси. Целта на ProCredit Connect B2B самитот е поврзување на клиенти од 12 земји, создавање нови деловни можности и зајакнување на регионалната соработка. Беа собрани луѓе со различни идеи кои ја делат истата амбиција и желба да бидат промената што сакаме да ја видиме во земјите на Балканот“.
ProCredit Connect на тој начин обезбеди силна основа за зајакнување на економскиот развој во регионот, создавајќи платформа за нови можности.