Фото: Cointelegraph
Според истражувањето на агенцијата Статист, 20 проценти од турците имале контакт со дигитални валути, што претставува најголем процент на светско ниво, пишува Cointelegraph.
Според друго истражување, уште во април 2015 година, 45 проценти од турците држеле дигитални валути за во иднина, додека европскиот просек е само 28 проценти, пренесува Indikator.ba.
Во исто време, 56 проценти од турците рекле дека користат апликации за мобилно плаќање. Додека во европски рамки ова е само 33%.
Порастот на криптовалутите може да биде главно поврзан со економската криза во земјата, се оценува во текстот, истакнувајќи дека турската лира загуби голем дел од својата вредност по неуспешниот државен удар во 2016 година и економската неизвесност што следеше потоа. Меѓудругото, Турција во 2016 година го забрани американскиот систем за плаќања „PayPal“. Покрај тоа, има многу „играчи“ во земјата кои се запознаени со дигиталниот напредок, што пак е, исто така, поволно за ширење на крипто-валутите.
Корисниците во Турција брзо сфатија дека виртуелните пари добиваат на вредност кога на пазарот ќе се појават понуда и побарување. Турците, брзо се подгтвија за преминување кон криптовалути. Во 2017 година турската влада се обиде да го запре напредокот на биткоинот, наведувајќи како причина дека дигиталните пари не се компатибилни со исламот заради неговата шпекулативна природа.
Анкара сега работи на виртуелна валута и платформа за меѓународни дигитални плаќања. Би требало да ја заврши фазата на тестирање и да воведе криптовалута најдоцна до крајот на 2020 година.
Извор: B92.net