
Доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваа на престижниот Интернационален конгрес на извештаи за случаи (International Case Report Congress – ICRC) 2026, кој се одржа од 3 до 5 април во “Холидеј ин” Skopje. Овој меѓународен конгрес претставува значајна платформа посветена на реални клинички случаи, кои придонесуваат за унапредување на медицинската практика. На настанот учествуваа: лекари, специјализанти, хирурзи, интернисти, радиолози и студенти од повеќе земји, споделувајќи искуства за комплексни дијагнози, ретки случаи и предизвици во третманот. Програмата опфати усни и постер-презентации, експертски предавања, дебати и интерактивни дискусии. Меѓу учесниците од нашата болница претставници што презентираа стручни трудови беа:
“Хируршко водење на изолирана лева атријална метастаза од белодробен аденокарцином”
“Хируршка замена на аортна валвула по инфективен ендокардитис од ТАВИ-валвула
“TЕВАР со ин-ситу фенестрација за заштита на левата супклавијална артерија”
“Избор на вистинското средство за работа”.
Со своето учество, лекарите од „Аџибадем Систина“ дадоа значаен придонес во размената на знаења и искуства со меѓународната медицинска заедница, потврдувајќи ги својата експертиза и посветеност кон современите медицински практики, информираат од болницата.
Аналитика








