ПОВЕЌЕ

    7 карактеристики на успешен претприемач

    Време зa читање: 5 минути

    Колку пати ја имате слушнато изреката: „Успехот е пат, а не крајна дестинација“? Веројатно многу пати, но секогаш во брзање и секогаш заборавајќи дека успехот не е крајот кога ја постигнувате вашата цел, туку целиот процес со кој се постигнува истата.

    Иако постојат луѓе кои имаат Мидас допир (се што ќе допрат го претвораат во злато), на мнозинството им е потребен многу напор и многу време за да стигнат до зацртаната цел.

    Вистината е дека мнозинството од луѓето не се родени лидери, но се развиваат во лидери со делата што ги прават и со својот личен напредок.

    Со тек на времето без оглед на тоа дали сте искусен претприемач или штотуку го почнувате своето претприемничко патување ќе забележите дека поседувате некои карактеристики кои ги имаат и најдобрите и најефективните претприемачи. Всушност, постојат 7 основни карактеристики кои генерално ги имаат најдобрите претприемачи и бизнисмени.

    Ако веќе чекорите во претприемничките води, знаете дека за успешно претприемништвото потребно е многу прецизно планирање, стратешки развој и маркетинг. Во секој момент треба да бидете отворени за промени и нови насоки во вашето работење. Без оглед на тоа која позиција ја имате во вашата компанија, секогаш ќе има проблеми и пречки во работењето.

    7 карактеристики за успех!

    1. Успешните претприемачи се почитувани од своите врсници!
    Првата и една од најочигледните карактеристики кои можат да се забележат кај еден успешен претприемач е адекватноста и праведниот непристрасен однос. Успешен претприемач на сите гледа еднакво – не ги дели луѓето под и над него – туку ги оценува според делата што ги прават, се обидува да ја здобие почитта од сите и на секого му дава шанса да ги покаже своите најдобри карактеристики. Без оглед на тоа колку е успешен и какви познавања има, претприемачот мора секогаш да ги надградува своите карактеристики и вештини за да може да го задржи и надградува својот успех.

    2. Успешен претприемач верува во себеси!
    Искусен претприемач верува во своите сопствени идеи и инстикти и знае колку е важна самодовербата за неговиот успех. Претприемач кој што е на почетокот на својата кариера мора да биде многу упорен, посветен и вреден. Колку подлабоко се зачекорува во претприемничките води, толку повеќе овие особини треба да се истакнуваат и продлабочуваат. Желбата и страста се почетните чекори после што доаѓаат довербата во себеси и етичкото однесување.

    3. Успешен претприемач – планира!
    Успешен претприемач секогаш има сопствен план. Безпланското и експериментално работење ден за ден не е карактеристика на успешните претприемачи. Ова секако не значи дека претприемачот не треба да отстапува од планот, туку напротив треба да биде флексибилен и да го прилагодува планот на потребите. Најчесто искусните претприемачи имаат основен бизнис план во кој секогаш се вклучени основните елементи маркетинг стратегија, цели, намери, идеи и зошто токму таа бизнис идеја е подобра од конкуренцијата. Ваквиот основен бизнис план, понатаму е потребно редовно да биде ревидиран и надградуван со нови идеи.

    4. Успешниот претприемач е креативен!
    Успешниот претприемач не се плаши да размислува креативно, да размислува за нови идеи, но истовремено и да пронаоѓа поинаков креативен пристап за веќе искористени идеи со тоа што ги проширува, подобрува и доразвива и размислува надвор од границите користејќи ја својата фантазија. Искусен претприемач не губи време на идеи за кои ќе увиди дека не се успешни – продолжува понатаму со нови идеи.

    5. Успешен претприемач се тестира самиот себеси!
    Успешниот претприемач е свесен за своите добри и слаби страни. Тој секогаш се труди да си ги пронајде своите најдобри страни и да ги усогласи со своите идеи и идеали. Секогаш е отворен за критики, промени и за поддршка и секогаш е подготвен да ја отстапи својата работа на некој кој е подобар од него.

    6. Успешните претприемачи секогаш го предвидуваат својот успех!
    Успешните претприемачи секогаш си даваат доволно време за сонување на својата идеја и во која насока сакаат нивниот план да се движи. Тие веруваат дека можат се да направат, но за да направат нешто мора да го видат – да го видат во своите сонови и тогаш можат да го постигнат.

    7. Успешните претприемачи никогаш не се откажуваат!
    Откажувањето не постои како термин во речникот на претприемачот. Секако, постојат денови кога и претприемачот како и сите нормални луѓе е разочаран и демотивиран, но откажувањето не e опција. Ова го постигнуваат со многу верба, самодоверба и посветеност. Секогаш бараат поддршка од оние кои ги познаваат, подржуваат и охрабруваат за да им го вратат нивниот ентузијазам. Тие се свесни дека секој има свои добри и лоши денови и дека плимите и осеките во бизнисите кои ги водат се нормални, но со нив треба мудро да се справи. Оваа нивна карактеристика ги прави најдобри!

    Извор: Entrepreneur.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично