ПОВЕЌЕ

    100 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ: 78.329 вработени, им прават 450 милиони евра профит

    Време зa читање: 4 минути

    Најголемите работодавачи не се во Скопје и се поврзани со автомобилската дејност

    За разлика од социјализмот кога огромните хали беа во Скопје, и во релативна близина на центарот на градот, за што се уште сведочат напуштени, или продадени објеки на чие место никнуваат висококатници, новата индустријализација која зеде замав со слободните индустриски зони, најмногу работници регрутираше токму во комапниите во овие зони. Зоните почнуваа да никнуваат во разни градови, со цел да се постигне некаков регионален равој и да се врати животот надвор од Скопје. Така, најголемите работодавачи не се во метрополата. Тие се во Кавадрци, Битола и во Кочани. Заеедничко за сите три топ работодавачи е што тие се дел од странски корпорации кои работат за светската автомобилска индустрија.

    Порталот „Пари“ ги анализираше 100-те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во државата, а посебен осврт направи на 10-те најголеми.

    100- те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во Македонија лани вработиле 78.329 работници. Благодарение на нив, компаниите од различни дејности, направиле промет од 7,3 милијарди евра, а вкупната добивка им била 456 милиони евра, покажуваат податоците на платформата БизнисМрежа.мк.

    Кај истите овие работодавачи, во 2020та година биле вработени  76.598 работници, односно 1.731 помалку. Во 2020 година, тие направиле вкупен приход од 6,2 милијарди евра, но притоа треба да се земе во предвид дека во 2021 година веќе почна инфлацискиот тренд, а повисоките цени, секако дека имаа влијание на зголемувањето на износот за направениот промет. Во 2020 година овие компании направиле добивка од 350 милиони евра, што значи дека лани компаниите биле попрофитабилни за дури 156 милиони евра.

    КОИ СЕ ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ?

    Во првите 10 најголеми работодавачи во 2021 година работеле 25.647 работници. Во 2020 година, пак, во истите овие компании работеле 25.443 работници, или 204 работници помалку.

    Она што може да се забележи е дека од ТОП 10 работодавачи, само 4 се во Скопје, додека другите се во другите градови.

    Најголемиот работодавач е во Кавадарци, а тоа е компанијата ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА. Во 2020 година, ова компанија беше втор најголем работодавач. Да потсетиме, станува збор за компанија за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Компанијата минатата година направила приход од 60,7 милиони евра, а добивката и била 2,7 милиони евра.

    Вториот најголем работодавач бил КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ од Битола, поточно од индустриската зона Жабени, со 5.368 вработени. Ова компанија има мало намалување на бројот на  вработени во однос на 2020 година. Тоа, како и растот на вработените во ДРЕКСЛМАЈЕР ја турнаа компанијата на второ место по број на вработени, иако во претходните години беше најголем работодавач. И оваа компанија е од дејноста производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Компанијата лани направила приход од 211 милиони евра, а добивка од 2,5 милиони евра.

    Третиот најголем работодавач е АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од Кочани. Во оваа компанија лани работеле 2.185 работници, дури 357 повеќе отколку во 2020 година. Тоа ја довело компанијата лани на третото место по број на вработени, додека во 2020 година била на 7-мо. Оваа компанија е дел од американска корпорација, во Колани има повеќе погони, а тие произведуваат кабли за автомобилската индустрија.

    Еве кои се 10-те најголеми работодавачи во 2021 година:

    КомпанијаБрој на врботени 2021Број на вработени 2020
    ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА - Кавадарци5.6265.442
    КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ ДООЕЛ Битола5.3685.545
    АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Кочани 2.1851.828
    НИКОБ ДОО Скопје 1.997 1.988
    ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Прилеп1.9961.995
    МАКПЕТРОЛ АД - Скопје1.870 1,854
    АЛКАЛОИД АД Скопје1.860 1.737
    АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ Штип1.853  2.058
    ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје1.4801.424
    АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Струмица1.4121.572

    ОД 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ, САМО ДВА СЕ ВО ТОП 10 ПО ДОБИВКА

    Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека од овие 10 најголеми работодавачи, само два се во друштвото на ТОП 10 компании по добивка, а тоа се „Макпетрол“, каде со 1.870 вработени е направена добивка од 22,3 милиони евра и „Алкалоид“, каде со 1.860 вработени е направена добивка од 20,8 милиони евра.

    Ако пак, се споредат ТОП 10 компании со најголем приход во однос на ТОП 10 работодавачи, може да се види дека и во едната и во другата група се само „Макпетрол“ со приход од 365,5 милиони евра и „Кромберг и Шуберт“ со приход од 211 милиони евра.

    КОЛКАВ ПРИХОД И ДОБИВКА НАПРАВИЛЕ НАЈТРУДОИНТЕНЗИВНИТЕ КОМПАНИИ?

    |ВО ЕВРА|

    КомпанијаПриход ДобивкаБрој на вработени 2021
    ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА - Кавадарци60.700.000 2.700.0005.626
    КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ ДООЕЛ Битола211.000.000 2.500.0005.368
    АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Кочани 122.400.0004.400.000 2.185
    НИКОБ ДОО Скопје 17.600.000 2.100.0001.997
    ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Прилеп27.600.000 318.000 1.996
    МАКПЕТРОЛ АД- Скопје365.500.000 22.300.0001.870
    АЛКАЛОИД АД Скопје162.300.000 20.800.0001.860
    АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ Штип22.500.000  469.0001.853
    ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје102.600.0002.600.0001.480
    АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Струмица14.700.000675.0001.412

    Порталот „Пари“ ги заокружува бројките, со цел полесно перцепција од јавноста

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање на хиперлинк до содржината што се цитира.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично