ПОВЕЌЕ

    ПОДОБРА ОД ЛАНИ – КОЈА БАНКА ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ИМА ДОБИВКА 30,9 милиони денари

    Време зa читање: 5 минути

    Со 30 септември 2022 година, ЦКБ Банка оствари добивка од 30,9 милиони денари, којашто е значајно подобра во однос на истиот период минатата година.

    Работењето на Банката во третото тримесечје од 2022 година се одвива во услови на  неизвесност на економијата како последица на продолжениот воен конфликт во Украина и енергетската криза, којашто е особено нагласена во еврозоната. Оттука ризиците за глобалниот раст се надолни и, главно, се поврзани со ризикот за целосен прекин на испораките на гас кон Европа и на испораките на нафта и нафтени деривати за земјите коишто ќе воведат ограничување на цената за руската нафта, но и со ризиците од подолготрајното опстојување на високите нивоа на инфлација, посилното затегнување на глобалните финансиски услови, појавата на нови бранови на ковид-19, евентуално послабиот раст на Кина и посилните геополитички фрагментации со одраз врз глобалната трговија и соработка.

    Во вакви околности, забележан е пад на вкупната актива/пасива од 2,47% и остварување на поставениот план од 93,62%.

    Во третото тримесечје 2022 година, евидентиран е пораст на кредити на и побарувања од други комитенти за 2,43% во однос на крајот на годината, при што планот е исполнет со 97,26%. Порастот во најголем дел е остварен при одобрување кредити на физички лица.

    Паричните средства и парични еквиваленти се намалени за 17,45% и пониски од  планот за 13,7%. Позицијата вложувања во хартии од вредност е пониска во однос на крајот на  претходната година за 11,7% и пониска од планот за 19,7%.

    Позицијата останати побарувања бележи пораст од 15,78% во однос на крајот од минатата година и во однос на планот за 16%. Оваа позиција во Билансот на состојба е со висок износ како резултат на евидентираната авансна исплата на пензиите на крајот од месецот.

    Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, кој се должи на континуираната амортизација на овие средства, а помало влијание имаат вложувањата во основни средства.

    На 30 септември 2022 година, билансната вредност на издадените конвертибилни обврзници бележи пад во однос на крајот на минатата година како резултат на исплатената камата во текот на март 2022 година. Вредноста на издадените конвертибилни обврзници е искажана во позицијата субординирани обврски.

    Позицијата депозити на други коминтенти бележи опаѓање во однос на крајот од годината од 3,8%, но и во однос на планот за 8,14% што се должи на растечката инфлација во економијата и повлекување на дел од депозитната база од банките.

    Намалувањето на изворите на средства доведе до намалување на расходите за камати за 8,4% во третото тримесечје на 2022 година во однос на истиот период минатата година. Остварените расходи за камати во известувачкиот период се пониски за 9.0% во однос на планираните.

    Во услови на висока конкуренција и долгорочен пазарен тренд на пад на вкупниот каматен пондер кај кредитите, ЦКБ Банка оствари пониски вкупни приходи од камати за 2.8% во споредба со истиот период минатата година. Притоа, Банката успева да го одржи стабилно портфолиото на постоечки кредити и да го задржи високиот квалитет на истото.  Растечката економска криза и инфлаторните трендови влијаеја врз пазарот на капиталот и соодветно врз политиките на регулаторот и се чини дека веќе се создадени услови за прекин на континуираниот и долгогодишен тренд на намалување на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор. Првичните ефекти од ваквата промена на трендот, веројатно ќе се почувствуваат веќе кон крајот на годинава. Во услови на силна конкурентска борба во првите три квартали од годината и одржувањето на висока конкурентност кај продуктната понуда на Банката, забележан е понизок нето-каматен приход во однос на истот период претходната година од 0,6% и покрај значајно намалените расходи од камати.

    Во третото тримесечје на 2022 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 7,9% во однос на истиот период минатата година и надминување на планот. Тој пораст придонесе кон пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надомести  за 16,9%, во однос на истиот период претходната година, додека планот е надминат за  4,1%.

    Нема разлики во однос на позицијата трошоци за вработените, во однос на истиот период претходната година. Оваа позиција отстапува во однос на планот, бидејќи планираните дополнителни вработувања се одложени за следните месеци.

    Позицијата останати расходи од дејноста бележи пораст од 8.0% во однос на истиот период минатата година, додека во однос на планот, остварени се незначителни повисоки останати расходи од дејноста за 1%.

    Останатите приходи од дејноста се 1,094 илјади денари повисоки во однос на истиот период минатата година, но пониски во однос на планираните за 15,0% што се должи на нереализиран приход од дивиденда.

    Во третото тримесечје на 2022 година, реализирани се повисоки нето–приходи од курсни разлики за 1,328 илјади денари во однос на истиот период минатата година.

    Расходите за амортизација бележат пад од 5,24% во однос на истиот период минатата година и 5,3% во однос на планираните, како резултат на одложени набавки на основни средства.

    Со 30 септември 2022 година, евидентно е намалувањето на издвоените резервации за кредитните изложености, при што е издвоена исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 6,5 милиони денари, односно забележано е подобрување на оваа позиција за близу 15.0 милиони денари во однос на истиот период минатата година.

    Во третото тримесечје на 2022 година, Банката не исплати дивиденда, но позицијата обврски по кредити бележи пораст и изнесува 55 милиони денари. Во овој период, Банката нема долгорочни кредитни линии.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично