ПОВЕЌЕ

    Пензии од 57.304 денари за само 23 пензионери

    Време зa читање: 2 минути

    Според анализата што ја направи Пари, во мај, оваа година имало 297 пензионери со пензија над 52.455 денари23 пензионери го зеле највисокиот износ од 57.304 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.325 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 43.000 до 57.304 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 891 се со пензија од 41.739 денари.

    Вкупниот број на пензионери пак се намалил за 642 пензионери и изнесува 324.878 лица додека просечната пензија во мај изнесувала 15.636 денари,

    Најнизок износ на пензија зеле 78.968 пензионери каде е забележан пораст од нови 157 пензионери споредбено со минатиот месец, од кои 62.468 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 16.500 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.868 денари до 12.649 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

    Само во месец мај имало нови 1.751 пензионер на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.256 а остатокот жени и најголем дел, 1.180 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 2.115 починати пензионери, од кои 1.681 биле мажи.

    Податоците покажуваат дека од 324.878 пензионери најмногу 218.158 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 1.118 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 82 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично