ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка и Visa со нова cashback кампања за младите

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе банка во соработка со Visa ја стартуваше „Vibe on-cashback“ кампањата, која носи нови погодности за корисниците на пакетот за млади. Во следните три месеци имателите на „Vibe on“ картичките добиваат можност за поврат на средства на нивната трансакциска сметка.

    Квалификувани за учество во кампањата се сите активни корисници на „Vibe on“ пакетот. Најбрзите 3.000 лица, кои во периодот до 31 јануари 2024 ќе направат 10 продажни трансакции со „Vibe on“ платежната картичка на Шпаркасе банка во вкупна вредност од 2.000 денари, ќе добијат еднократен поврат на парични средства во вредност од 500 денари на својата трансакциска сметка. Секој учесник во кампањата има право да добие само еднаш поврат на средства.

    Од Банката посочуваат дека е ова „одлична можност за студентите и младите активни корисници на „Vibe on“ пакетот да добијат дополнителен прилив од 500 денари и средствата да ги искористат за свои потреби“. Воедно, велат, дека со ова се потврдува заложбата за инвестирање во студентите и младите. А, „Vibe on“ пакетот за млади, со отворање и користење на трансакциска сметка, ги мотивира студентите и младите самостојно да управуваат со сопствените финансии и да создадат здрави финансиски навики, за одговорно финансиско дејствување во иднина.

    Исплатата на cashback средствата ќе се врши од 14 февруари идната година.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично