ПОВЕЌЕ

    Членовите на НО на Комерцијална банка наградени за успешната работа со по 2.300 евра бруто

    Време зa читање: 2 минути

    Во изминатата година, Надзорниот одбор на Комерцијална банка функцијата ја остваруваше во состав од 7 члена:

    1. Сава Димитрова –Претседател и Независен член на Надзорниот одбор
    2. Таки Фити– Заменик претседател на Надзорниот одбор
    3. Горан Антевски –Член на Надзорниот одбор
    4. Сашо Наумоски Член на Надзорниот одбор
    5. Александра Максимовска – Стојкова – Независен член на Надзорниот одбор
    6. Ванчо Чифлиганец Член на Надзорниот одбор
    7. Фатмир Етеми Член на Надзорниот одбор

    Членовите на Надзорниот одбор се именувани на седници на акционери на Собранието на одржани на 23.03.2016 година и на 14.06.2018 година, а мандатот им е со важност до 26.04.2020 година. Но, на последното Собрание на акционери одржано на 02.04.2020 година, Комерцијална банка донесе одлука за продолжување на нивниот мандат за дополнителни 4 години.

    На членовите на Надзорниот одбор за нивно учество и работа на седниците, како и за работа и одлучување со писмена согласност во периодот помеѓу седниците, Банката ќе им исплаќа месечен надомест во висина од 21.000 денари.

    Собранието на акционери одлучи да ги награди членовите на Надзорниот одбор за работењето во 2018 година. Вкупно за таа намена е издвоен бруто-износ од 1.021.666 денари или по 145.952 денари бруто по член на одборот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично