ПОВЕЌЕ

    „Харли Дејвидсон“ оди на берза со бизнисот со електрични мотоцикли

    Време зa читање: 2 минути

    Познатиот производител на култни мотоцикли Харли-Дејвидсон планира да го спои својот оддел за електрични мотоцикли, познат како LiveWire, со AEA Bridges Impact Corp., за да излезе на берза, по примерот на другите производители на електрични возила.

    Секторот за производство на електрични мотоцикли LiveWire ќе се спои со AEA Bridges Impact Corp преку преземање за специјална намена (SPAC) што ќе го имплементира AEA Investors и Bridges Fund Management.

    Со овој договор LiveWire ќе достигне вредност од 1,8 милијарди долари. Со котирањето, LiveWire ќе стане последниот во низата производители на електрични возила што ќе излезе на берза со аквизиција за специјална намена, а една од главните причини за склучување договори за SPAC е желбата на инвеститорите да финансираат компании кои ја претставуваат иднината на транспортот, пишува Фајненшл Тајмс.

    Сепак, неколку реномирани компании за електрични возила кои имаа намера котирањето да го овозможат преку SPAC мораа да поминат низ ригорозни регулаторни контроли. Минатата недела, американската Комисија за хартии од вредност ја покани Lucid Motors да достави документи поврзани со нејзините проекции и планови. Лордстаун моторс е под истрага на федералниот обвинител, додека за електричната марка Никола беше откриено дека фалсификувала прототип на својот нов камион.

    Одлуката на Harley-Davidson да го одвои бизнисот со електрични возила означува промена во стратегијата за производителот на мотоцикли. Компанијата планира да инвестира од 190 до 250 милиони долари годишно во развој и производство на електрични мотоцикли, пишува Biznis.rs.

    Новиот договор ќе биде финансиран преку 400 милиони долари собрани од AEA Bridges во септември 2020 година, 100 милиони долари од Harley-Davidson и 100 милиони долари од тајванскиот производител на мотоцикли Kymco, кој ќе инвестира во таканаречената „приватна инвестиција во јавен капитал“.
    По купувањето, Harley ќе поседува 74 отсто од производителот LiveWire, додека 12 отсто ќе бидат во сопственост на акционерите на SPAC, а остатокот на SPAC и на Kymco.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично